До 19 век, хемијата напредувала бавно, хемичарите работеле во изолација и откритијата тешко се пробивале до нивните колеги. Хемичарите користеле хаотично множество од најразновидни симболи и скратеници. Швеѓанецот Јенс Јакоб Берзелиус (1779-1848) внел малку ред кога ја вовел практиката елементите да се нарекуваат според нивните грчки или латински имиња и да се одбележуваат со првите букви од тие имиња.
Но, безредието останало до втората половина на 19 век, кога на Универзитетот во Санкт Петербург се појавил чудниот професор Димитриј Иванович Менделеев.
Менделеев бил прецизен тргнува од тоа дека својствата кај елементите периодично се повторуваат и ќе ги смести во групи по седум члена. Одеднаш се создал ред и секој елемент си го нашол своето место во табелата наречена Периодичниот систем за која велат дека била инспирирана од играта со карти наречена „пасијанс“, во која картите се редат хоризонтално по боја, а вертикално по големина. Наредени на сличен начин, во хоризонтални редови наречени периоди (каде што расте бројот на протони на секој нареден елемент) во вертикални колони наречени групи, сличните својства на елементите станале видливи. На пример, бакарот, среброто, златото добија место еден над друг поради истите хемиските афинитети на овие благородни метали, а хелиумот, неонот, аргонот биле еден над друг во крајната десна колона како гасови.
No comments:
Post a Comment